Дербито на четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига се игра вечерва во Кале, каде Работнички го пречекува непоразениот Чаир. Натпреварот почнува во 18 часот, а ќе се игра без публика поради казната што ја доби Работнички по дербито против МЗТ Скопје минатата недела.


