Тренерот на Олимпија Милано, Еторе Месина имаше само комплименти за македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ по полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Италија, против Венеција.
Италијанскиот првак славеше и обезбеди пласман во финалето, а Димитријевиќ беше прв стрелец на мечот со 14 поени.Месина го пофали неговиот ефект и потврди дека долго го следел нашиот кошаркар пред да го донесе во Милано.
„Димитријевиќ одигра добро против Венеција. Знаевме дека тој е квалитетен играч, имаше одлични сезони во тимот на Уникс. На полуфиналниот натпревар тој му даде ритам на нашиот тим“, изјави Меси по натпреварот.
Олимпија денеска (18 часот) ќе се обиде да стигне до петтиот трофеј во Суперкупот на Италија, во своето деветто финале. Екипата нема триумф во ова натпреварување од 2020 година, а ќе се соочи со тројниот последователен освојувач на пехарот Виртус кој е и домаќин на турнирот.


