Без разлика на сите контроверзи, Црвена Звезда ја комплетира тројната круна и од утринава почнува да се подготвува за идната сезона.
Српските медиуми тврдат дека „црвено-белите“ договориле две големи засилувања за новата натпреварувачка кампања во која, според имињата на играчите, екипата ќе влезе со уште повисоки амбиции. Станува збор за бекот на Олимпијакос, Ајзеа Кенан и досегашниот играч на Басконија, Коди Милер Мекинтаер. Наводно, се е договорено со нив, останува само да биде ставен потпис на договорите и тие официјално да бидат претставени како играчи на Црвена Звезда.
Двајцата ќе потпишат на две години, а интересно е тоа што Милер Мекинтаер е поранешен кошаркар на Партизан чиј дрес го носеше во сезоната 2020/21. Во меѓувреме, Звезда го продолжи договорот со Рокас Гиедраитис кој, исто така, во следните две сезони треба да биде дел од белградскиот тим.


