Српскиот шампион Црвена Звезда е со минимални шанси за пласман во плејофот од Евролигата, а дополнителен проблем на утрешниот дуел со Баерн ќе биде неиграњето на ветеранот Милош Теодосиќ.
Искусниот плејмејкер играше на завршниот турнир од Купот на Србија и беше прогласен за МВП, но од клубот тврдат дека се уште не е целосно заздравен по повредата што ја доживеа минатиот месец. Со оглед на малите шанси за продолжување на настапот во Евролигата, Теодосиќ е поважен за АБА.
„Теодосиќ не тренира од Купот, не е подготвен да игра. Во Ниш настапи на своја одговорност бидејќи тоа беше борба за трофеј и сега заздравува. Нема да го користиме додека не биде 100% подготвен“, изјави тренерот Јанис Сферопулос.
На осум кола пред крајот на основниот дел од Евролигата, Звезда е на 16. место на табелата со три победи помалку од десеттопласираниот Макаби.


