Црвена Звезда убедливо ја победи Мега во големото финале и го освои Купот „Радивој Кораќ“ по шести пат во низа.
Мега овојпат немаше сила целосно да се спротивстави, иако Марковиќ, Суиго и другите се обидоа… Не се предадоа, но Звезда вечерва беше пресилна. Мега водеше со 7-0 по две минути игра, но Звезда брзо се врати и по четири минути беше 9-12. Избраниците на тренерот Авдаловиќ одиграа одлично, но „црвено-белите“ беа блиску и во осмата минута поведоа за првпат – 23-21. Доминацијата на бранителите на Купот продолжи и во следните минути со серија од 12-0 за водство од 33-23.
Звезда го контролираше резултатот во втората четвртина, Нвора беше незапирлив, по пет минути го зголеми водството на 50-37, а потоа на 57-41 по забивањето на Изунду. Црвено-белите погодија неколку тројки, имаа +18 во 19. минута (63-45) и на полувреме заминаа со водство од 67-50. Мега во третиот период успеа да се доближи на 80-91, но тоа беше се што успеа да направи младиот белградски тим.
Звезда рутински го приведе натпреварот кон крајот и сосема заслужено постигна историски успех освојувајќи го трофејот во Купот шести пат по ред, додека Мега останува на еден пехар, од пред точно една деценија.


