По примерот на Партизан, Црвена Звезда во еден ден се раздели со тројца кошаркари кои релативно кратко време останаа во белградскиот клуб.
Дел од Звезда повеќе не се Адам Ханга, Треј Томпкинс и Џавонте Смарт кои имаа свој придонес во освојувањето на тројната круна минатата сезона. Ханга беше најстандарден, со исклучок на периодите кога беше повреден редовно беше стартер, а последните информации велат дека кариерата ќе ја продолжи во тимот на Хувентут.
Томпкинс иако има шампионско педигре не се истакна доволно, пред се поради повредата со која дојде во Белград, додека Смарт не ги оправда очекувањата на навивачите. Тие двајца дојдоа во Црвена Звезда на почетокот од 2024 година, за разлика од Ханга кој беше тука од почеток на сезоната.
Пред да се раздели со Ханга, Смарт и Томпкинс, Звезда веќе донесе четири засилувања за новата сезона: Урош Плавшиќ, Ајзеа Кенан, Никола Калиниќ и Мајк Даум.


