Литванскиот центар Донатас Мотиејунас ќе се обиде да ја покрие дупката која настана во Звезда на центарската позиција откако пред два дена се повреди на мечот против Олимпија Милано.
Белградсксиот тим потпиша тригодишен договор со Мотиејунас кој доаѓа, практично, на позајмица од актуелниот европски вицешампион Монако затоа што Литванецот е обврзан кон овој клуб до летото 2026 година. Звезда ќе покрива половина од неговата плата, но чуден е потегот на Монако да се откаже од еден од најдобрите и најискусни играчи во тимот кој, патем, има и шестгодишно НБА искуство во екипите на Хјустон, Њу Орлеанс и Сан Антонио.
Звезда се соочува со големи проблеми со повредени играчи, Риверо нема да се врати во тимот до крајот на оваа година, слично како и Џоел Боломбој кој се уште е член на овој клуб, но поради повреда, нема да игра најверојатно до февруари.


