Иако до крајот на оваа сезона има уште три месеци, Црвена Звезда веќе почна со склопувањето на тимот за идната.
Менаџерот Немања Жориќ вечерва објави дека е договорено првото засилување, нигериско-американскиот крилен играч Семи Оџелеје кој во Белград ќе дојде од Валенсија, но има и петгодишно НБА искуство. Во 2017 година беше избран како 37. пик на драфтот од Бостон, таму ги помина првите четири сезони од кариерата, потоа играше и за Милвоки Бакс и Лос Анџелес Клиперс, а првата европска епизода ја имаше минатата сезона во тимот на Виртус.
Во НБА одиграл вкупно 284 натпревари, но со симболичен ефект од 3,4 поени во просек по натпревар.


