По Урош Плавшиќ, Црвена Звезда го донесе второто засилување за новата сезона во која ќе ја брани тројната круна и ќе се обиде да стигне барем до плејофот во Евролигата.
Станува збор за американскиот интернационалец Ајзеа Кенан кој во Звезда доаѓа од редовите на Олимпијакос. Во сезоната која заврши неодамна, 33-годишниот кошаркар одигра 41 натпревар во Евролигата каде за 23 минути на теренот, просечно постигнуваше по 11,1 поен, 1,4 асистенции и 1,2 скока.
Во Европа, Кенан настапуваше уште за Галатасарај и Уникс, а претходно, седум години играше во НБА лигата, во екипите на Хјустон, Филаделфија, Чикаго, Феникс, Минесота и Милвоки, но без особен успех.


