Екипата на Црвена Звезда има водство од 2-0 во финалето од АБА лигата по вечерашниот триумф против Партизан со 80-73.
Денешниот меч не беше драматичен и неизвесен до крајот затоа што Црвена Звезда нешто порано направи висока предност, па Партизан немаше ни шанса да го загрози триумфот. На стартот од последната четвртина беше 61-60 за Звезда, а потоа домаќинот се разигра, резултатски се одлепи и во финишот имаше дури и двоцифрено водство (78-67). Партизан успеа да намали на -6 по тројката на Аврамовиќ, ама тоа беше се од гостинот на овој меч.
Немања Недовиќ беше најефикасен играч на мечот со 21 поен, но сите поени ги постигна во првото полувреме во кое беше незапирлив за одбраната на Партизан. Покрај него, двоцифрени беа уште Боломбој и Лазиќ со по 10 поени, но до израз дојде тимската игра на Звезда, па сите кои се појавија на паркетот дадоа свој придонес за победата. Кај Партизан имаше четворица двоцифрени, најефикасен беше Смит со 12 поени.
Серијата сега се сели во белградската Арена каде домаќин ќе биде Партизан. Третиот меч е на програмата в недела од 20:30, а ако „црно-белите“ победат ќе има и четврти дуел на истото место.


