Црвена Звезда ја продолжи 14-годишната доминација во дуелите со својот братски клуб ФМП откако вечерва го победи со 97-63 во 15. коло од АБА лигата.
Тоа е вкупно 42. победа во низа за „црвено-белите“, биланс што веројатно не е забележан во историјата на кошарката. Последниот триумф на ФМП датира од мај 2011 година по што овој тим забележа рекорден број порази, сметајќи ги сите натпреварувања во кои се соочува со Звезда.
За бранителот на титулата ова е и 12. победа по ред во АБА лигата и со неа го задржа чекорот со Будуќност и Партизан со кои до ова коло го делеше првото место на табелата.


