Довчерашниот кошаркар на Мега, Урош Плавшиќ е првото засилување за Црвена Звезда во пресрет на новата сезона.
Шампионот на Србија денеска на социјалните мрежи го потврди ангажманот на 26-годишниот центар кој до лани играше во Смедерево.
„Црвена Звезда ја известува јавноста дека српскиот центар Урош Плавшиќ е прво засилување за клубот во овој преоден рок. Плавшиќ, кој е висок 217 сантиметри, потпиша тригодишен договор, а со неговото доаѓање, нашиот тим добива големо засилување под кошевите“, пишува, меѓу другото, во соопштението од Црвена Звезда.
Во дресот на Мега, Плавшиќ одигра 27 натпревари во АБА лигата со просек од 15,4 поени и 7,7 скока. Најавено дека Звезда ова лето ќе донесе уште еден играч од Мега, но засега нема потврда за такво нешто.


