Црвена Звезда на најмизерен начин го заврши својот настап во Евролигата за оваа сезона откако доживеа тотален дебакл на гостувањето кај Анадолу Ефес.
Веројатно никој не очекуваше дека српскиот шампион ќе се помачи и ќе му направи услуга на Партизан, но исто така, навивачите не очекуваа дека во Истанбул ќе загуби со 55-100. Со тоа го уништи својот имиџ, каков-таков со оглед на тоа што сезоната ја заврши со трет најдобар биланс во елитното европско натпреварување. Поразот од 45 разлика не е најтежок за Звезда само оваа сезона, туку воопшто откако се натпреварува во Евролигата.
Белградскиот тим излезе на терен апсолутно демотивиран за што најдобро зборува фактот што пред крајот на првата четвртина веќе имаше двоцифрен број загубени топки. Ако во првите 20 минути и личеше на нешто, во второто Звезда беше на нивото на кадетска екипа која постигна 24, а прими 55 поени.
Тимот на Јанис Сферопулос веќе одамна ги почна подготовките за плејофот во АБА, а Анадолу Ефес во плејинот ќе се сретне со Виртус или Басконија, во зависност од исходот на утрешниот меѓусебен дуел.
РЕЗУЛТАТИ
Монако – Баерн 89-85
Жалгирис – Реал 62-64
Анадолу Ефес – Црвена Звезда 100-55
Макаби – Олимпија Милано 92-86
Панатинаикос – Алба 84-75


