Претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ откри детали за работењето на клубот претходните години, па се осврна и на плановите на клубот од претходните години.
Најинтересна беше информацијата дека претходните години „црвено-белите“ планирале да ангажираат двајца кошаркари кои настапуваа во Партизан – Алекса Аврамовиќ и Бруно Кабокло. Првиот додека беше член на Партизан, а вториот пред да дојде во редовите на градскиот ривал.
„Размислувавме за Алекса Аврамовиќ своевремено, но се договоривме со нашите навивачи да на правиме трансфери од Партизан во Звезда. Тоа сакаме да го почитуваме, а Алекса е прекрасен човек и играч.
За Кабокло размислувавме пред да дојде во Партизан, но се спомнуваа суми од 900 илјади, милион евра и со тоа заврши нашиот интерес“, рече Човиќ.
И Аврамовиќ и Кабокло претстојната сезона нема да играат во Партизан. Аврамовиќ се пресели во ЦСКА, додека ситуацијата со Кабокло е драматична затоа што тој има договор со Партизан, но ниедна од двете страни не сакаат меѓусебна соработка.


