Српскиот и АБА шампион Црвена Звезда со победа ја заврши италијанската турнеја откако по завчерашниот пораз од Олимпија Милано, вечерва го совлада Виртус со 94-87.
Денешниот триумф е прв за белградскиот тим во Болоња во еден евролигашки натпревар, а дојде по големиот пресврт во последните седум минути од мечот. Виртус водеше со 75-65 кога на сцена стапи Ајзеа Кенан и ги поведе своите соиграчи кон победата. Во тие седум минути Звезда направи 29-12, а во цел последен период постигна неверојатни 37 поени што сигурно е еден од најдобрите четвртини во историјата на клубот кога станува збор за евролигашки натпревар.
Кенан на крајот имаше 26 поени, но голем придонес имаше Лука Митровиќ кој во првото полувреме беше фантастичен, а заврши со 21 поен. Шенгелија долго време го водеше Виртус, постигна 25 поени и имаше помош од Клајбурн кој оствари дабл дабл со 19 поени и 12 скока, но во финишот тоа не беше доволно.
РЕЗУЛТАТИ
Монако – Алба 100-80
Олимпијакос – Париз 90-96
Виртус – Црвена Звезда 87-94
Олимпија Милано – Асвел 92-84


