Нешто слично како лани, првиот човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ објави дека неговиот клуб има други приоритети, а не пласман во плејофот или на Ф4 од Евролигата.
Црвена Звезда во моментов е на три победи од десеттото место кое води во плејин, а до крајот остануваат уште девет кола.
„Наши цели се да ги освоиме трофеите во Купот на Србија, АБА лигата и домашното првенство“, порача Човиќ.
Ова е тотално контрадикторно од изјавите на сите од Звезда кои од почетокот на сезоната тврдеа дека „црвено-белите“ го имаат најдобриот тим во клупската историја и дека ќе атакуваат на Ф4 во Евролигата.


