Доскорешниот член на Монако, Џон Браун од денеска официјално е играч на Црвена Звезда, соопшти клубот од Белград.
„Црвено-белите“ се поврзуваа со него десетина дена, но договорот е потпишан денеска, а објавен непосредно пред почетокот на мечот против Цибона во рамките на АБА лигата.
Амерички крилни центар Џон Браун III ново је појачање КК Црвена звезда Меридианбет!
Welcome to Red&White Family, John! 🔴⚪️
Детаљније: https://t.co/BJo4g6LTgi#kkcz #WeAreTheTeam pic.twitter.com/E9d3ACHilx
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) December 9, 2024
„Поранешниот кошаркар на Уникс и Монако во текот на викендот и денеска ги мина лекарските прегледи со што се создадени сите услови да биде активиран договор на 1+1 сезона“, пишува во соопштението на Црвена Звезда.
Први сусрет новог кошаркаша Црвене звезде Меридианбет и најмлађих Звездаша 🔴⚪️#kkcz #WeAreTheTeam #CrvenoBelaPorodica pic.twitter.com/2ghVTuesyb
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) December 9, 2024
Браун ќе биде големо засилување под кошевите, а особено во одбраната имајќи предвид дека минатата сезона беше прогласен за најдобар дефанзивец во француското првенство, додека играше за Монако. Освен тоа, беше најдобар „крадец“ во Евролигата во 2022, во италијанската лига во 2020 и во ВТБ во 2021 година.
Своето деби во новиот клуб, Браун ќе го забележи в петок на домашен терен кога Звезда го пречекува Олимпијакос во 15. коло од Евролигата.


