Српскиот шампион Црвена Звезда официјално се засили со американскиот кошаркар Треј Томпкинс, поранешен играч на Реал Мадрид.
Преговорите со него траеја од минатиот викенд кога тој дојде во Белград на средба со претставници на Звезда, а соработката е обелоденета денеска. Договорот е потпишан на еден месец со можност за негово продолжување, а Томпкинс ќе се врати на кошаркарските терени по осум месеци откако минатата сезона ја заврши во тимот на Зенит по што стана слободен играч.
Томпкинс игра како крилен центар, а пред 40-тина дена Звезда се засили со уште еден играч под кошевите – Фреди Гилеспи кој дојде пред крајот на минатата година.


