Малку недостасуваше плејофот од АБА лигата да почне со огромна сензација чиј автор, како и лани, ќе беше Студентски Центар.
Тимот од Подгорица минатата година во истава фаза беше подобар од Партизан во првиот меч од серијата, а сега испушти сензационална победа против Црвена Звезда. Српскиот првак славеше со 83-81, а до победата стигна во последните моменти од мечот откако претходно губеше и со 18 поени разлика.
Во третиот период беше 56-38 за Студентски Центар, Звезда успеа да намали нешто од негативата, но на нешто помалку од шест минути, гостите имаа 74-62. Тогаш почна финалниот спринт на белграѓани, проследен со прецизни удари од далечина. Со серија од четири тројки (две на Недовиќ и по една на Теодосиќ и Давидовац), домаќините го израмнија резултатот, а нешто подоцна погоди и Ханга за водство од 80-77. Во последните моменти Студентски Центар се доближи на 81-82, имаа и шут за израмнување, но не успеаја да погодат.
Вториот меч од серијата се игра идната недела во Подгорица, а нема сомнение дека Звезда ќе го дочека тој натпревар многу поподготвен отколку денешниот.