Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски уште еднаш го предводеше својот тим до победа во НЦАА.
Колорадо Бафалос славеше на домашен терен против Пацифик Тајгерс со 75-66 за шеста победа сезонава, петта пред своите навивачи во исто толку натпревари. Прво име на Колорадо беше јакимовски кој за 31 минута постигна 17 поени и беше најефикасен во својот тим. Погоди четири тројки од седум шута, а додаде уште четири скока и две асистенции.
По осум одиграни натпревари, Колорадо е на деветтата позиција во Биг12 конференцијата со биланс 6/2, но најважните натпревари во битката за плејофот допрва следуваат.


