Во НБА во тек е втората фаза од плејофот, а сите се во очекување на прогласувањето на најдобриот играч во сезоната.
Во конкуренција за ласкавото признание останаа Никола Јокиќ од Денвер, Лука Дончиќ од Далас и Шеј Гилџес-Александер од Оклахома. Иако фаворит е Јокиќ, одлична сезона имаа и останатите двајца кошаркари кои беа на првите две места на листата на стрелци.
Најдобриот играч во сезоната ќе биде објавен в четврток рано наутро по средноевропско време. Јокиќ веќе има две МВП признанија, а Дончиќ и Александер се уште го чекаат првото.


