Пристигнувањето на експедицијата на Панатинаикос во хотелот во Берлин помина во максимална тензија, предизвикана делумно од присуството на навивачите на Фенербахче.
Тие прво им приредија факелијада на кошаркарите на својот тим, а потоа влегоа во вербален и за малку физички дуел со претставниците на Панатинаикос. На удар им беше тренерот Ергин Атаман со кого имаа размена на навреди, а потоа се свртеа и кон Матијас Лесор.
Ένταση ανάμεσα και στον Ματίας Λεσόρ και τους φιλάθλους της @FBBasketbol
Πρέπει να αναφερθεί ότι ο Γάλλος σέντερ ήρθε μαζί με την οικογένεια του και το μικρό παιδί του στο λεωφορείο και το παιδί του τρόμαξε από τη φασαρία. pic.twitter.com/zfvyhTX1ba
— gazzetta.gr (@gazzetta_gr) May 22, 2024
Французинот не можеше да издржи и тргна кон нив, но притоа беше спречен од своите соиграчи, како и од обезбедувањето на хотелот.
Тензијата меѓу Панатинаикос и Фенербахче се очекува да кулминира утре кога овие две екипи се среќаваат во првиот полуфинален натпревар во Евролигата.


