Бордот на Евролигата претпладнево одржа состанок на кој се разговараше и се одлучуваше за многу важни теми.
Најважната од нив е дека Евролигата од идната сезона ќе биде проширена од 18 на 20 екипи. На 17. кои останаа (без Алба која се пресели во Лигата на шампионите), им се приклучуваат Хапоел Тел Авив како освојувач на Еврокупот, потоа Валенсија и Дубаи кои добиваат специјални покани.
Со ова е официјализирана нова ера во европската кошарка бидејќи првпат во Евролигата ќе учествува клуб од Обединетите Арапски Емирати и од држава која не припаѓа на ФИБА Европа. Ќе се иргаат 38 кола од лигашкиот дел, четири повеќе од минатата сезона, по што ќе има плејин, па плејоф и завршниот турнир.
Добри вести има и за Партизан и Црвена Звезда кои добија нови тригодишни лиценци за настап во елитното кошаркарско натпреварување. Остануваат и Париз и Виртус чиј статус во Евролигата беше под прашање.


