Францускиот шампионат влегува во завршницата, утре почнува финалната серија во која се среќаваат Париз и Монако, а бранителот на титулата ќе учествува во борбата за трофејот без својот најдобар играч.
Откако на 2 јуни беше привремено суспендиран поради тепачка во ресторан, на Мајк Џејмс сега му е продолжена казната до завршувањето на сезоната што значи дека тој нема да заигра во финалето. Менаџментот и стручниот штаб на Монако останаа на ставот дека однесувањето на кошаркарите и имиџот на клубот се поважни од трофеите, па Џејмс нема повеќе да заигра.
Сето ова доверува до најави дека американскиот плејмејкер го минува последниот месец во Монако и дека по завршувањето на сезоната ќе си замине оттаму. Нема да биде првпат во неговата кариера да го напушти клубот на ваков начин.


