Напорите на раководството на Партизан вродија со плод откако клубот доцна синоќа објави дека е потпишан договор за учество во Евролигата и во следните три сезони.
Веста ја објави лично претседателот на АБА шампионот, Остоја Мијаиловиќ со што ја израдува армијата навивачи.
„Вечерва потпишав договор кој на клубот му гарантира тригодишна лиценца за Евролигата. Ова е голем заеднички успех за кој сакам да им честитам на сите што учествуваа во него, од екипата на теренот, спортскиот сектор, управата, спонзорите, верните навивачи и сите кои на кој било начин помогнаа Партизан да стане стабилен евролигаш“, напиша Мијаиловиќ.
Се очекува наскоро истото да го направи и Црвена Звезда за која Евролига подготвува речиси идентичен договор.


