Денеска беа одиграни натпреварите од третото коло од Европското првенство во женска конкуренција, а на еден од четирите меча, забележан е историски резултат.
Франција ја победи Швајцарија со 111-37, а разликата од 74 поени е највисока на еден натпревар од женски Еуробаскет во 21. век. Претходниот рекорд од 2000 година наваму го држеше Белгија која на претходниот шампионат го победи Израел со 106-58.
Апсолутниот рекорд на европските првенства е на Советскиот Сојуз кој во 1952 година ја победи Источна Германија со 133-4. Четири години подоцна истата репрезентација била подобра од Швајцарија со 128 разлика (153-25), а забележани се уште два меча со троцифрена маргина, двата од 1956 година и двата со победи на Чехословачка: против Данска со 132-9 и против Австрија со 145-36.
Што се однесува до швајцарската репрезентација на актуелното Европско првенство, факт е дека залутала во ова друштво бидејќи на трите одиграни натпревари има кош-разлика од -120. Од Грција загуби со 65-87, од Турција со 67-91 и денеска со 37-111.


