Два дена откако ја освои шампионската титула во првенството на Литванија, италијанскиот стручњак Андреа Тринкиери доби отказ од тренерската функција во Жалгирис.
На неа беше 1,5 година откако дојде како наследник на поранешниот селектор на литванската репрезентација Казис Максвитис. Оваа сезона ја освои двојната круна, бидејќи освен триумфот во првенството, славеше и во Купот на Литванија, но ни тоа не беше доволно да остане на позицијата. Малку недостасуваше да остане без титулата затоа што Ритас во четвртиот имаше водство од 2-1, играше на домашен терен и водеше до последните секунди кога Жалгирис постигна тројка и дојде до израмнување, за во „мајсторката“ на домашен терен да дојде до пехарот.
Zalgiris Kaunas and head coach Andrea Trinchieri have parted ways. Along with Andrea Trinchieri, assistant coach Massimiliano Menetti is also leaving the club. Thank you for your work and wish you success in future careers. 🙏🏻 pic.twitter.com/wvwhZjuqVq
— BC Zalgiris Kaunas (@bczalgiris) June 23, 2025
Заедно со Тринкиери си заминува и неговиот асистент Масимилијано Мелети, а како можни наследници на Италијанецот се спомнуваат Ненад Чанак, Лука Банки, Пабло Ласо итн.


