Војната која беснее на Блискиот Исток и во која директно учествува и Израел повторно ќе ги принуди клубовите од оваа земја да бараат алтернативно решение за своите натпревари како домаќини.
Се уште не се знае каде ќе игра Макаби кој се надеваше на враќање во Тел Авив, а не е исклучено вториот претставник и дебитант во Евролигата, Хапоел да настапува во Бугарија. Овој клуб таму ги пречекуваше своите ривали и оваа сезона во Еврокупот, со тоа што најверојатно ќе се пресели од Самоков и ќе игра во Софија.
Претходно, како нов дом на Хапоел се спомнуваше Кипар, но оттаму клубот не доби дозвола да се пресели. Бугарија му одговара и поради многу веројатното учество во АБА лигата со што би бил блиску до најголем дел од учесниците во регионалното натпреварување.


