Нигерискиот кошаркар Чима Монеке во новата сезона ќе биде играч на Црвена Звезда откако, според информациите на српските медиуми, потпишал двегодишен договор со овој клуб за 1,7 милиони евра по сезона.
Денеска Звезда го потврди договорот со него, а во Белград, тој се сели по две сезони поминати во Басконија. Кошаркарската јавност во Европа ја изненади бидејќи долго време кокетираше со Партизан поради што сите очекуваа, ако оди во Србија, тој клуб да биде негов избор. Трансферот на Монеке сигурно ќе биде еден од најатрактивните ова лето во Евролигата, но секако ќе предизвика бура меѓу белградските клубови.
КК Црвена звезда Меридианбет обавештава јавност и све Звездаше да је нови члан нашег клуба Чима Монеке.
Репрезентативац је Нигерије, а бивши члан француских клубова Роан и Орлеан. Сезона којом је скренуо пажњу на себе одиграо је у шпанској Манреси 2022. године када је та екипа… pic.twitter.com/uK9Dcwd14j
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) June 24, 2025
„Црвено-белите“ ги очекува реконструкција ова лето, можеби не како Партизан минатата година, но секако ќе си заминат голем број од сегашните играчи, а Нигериецот ќе биде еден од оние кои треба да го вратат тимот на старата слава.


