Првата ѕвезда на француската репрезентација, Виктор Вембанјама нема да настапи на претстојното Европското првенство, објави денеска угледниот Ле Паризјен.
Поширокиот список на новиот селектор Фредерик Фоту ќе биде објавен кон крајот на неделава, на него се очекува да има 20 кошаркари, но меѓу нив нема да биде суперѕвездата на Сан Антонио Спарс. Причина за тоа се здравствените проблеми со кои се соочи последната сезона и поради кои не играше во НБА лигата уште од февруари.
Центарската позиција беше можеби најдобрата во француската репрезентација, но на Еуробаскетот ќе биде драстично ослабена бидејќи освен Вембанјама, својот настап го откажа и Руди Гобер кој е еден од најдобрите дефанзивци во светот.


