Најтрофејниот шпански клуб Реал Мадрид ја одбрани шампионската титула во АЦБ лигата откако во финалната серија ја совлада Валенсија со максимални 3-0.
Третиот триумф, вреден трофеј го оствари вечерва на теренот на противникот каде славеше си 81-70 и со тоа дојде до 38. титула во историјата. Иако играше на домашен терен, Валенсија речиси цел меч каскаше зад противникот и се чини дека повеќе шанси за триумф имаше на претходниот дуел во Мадрид, отколку вечерва.
Клучна се покажа серијата од 15-0 на стартот на второто полувреме по која Реал отиде на 54-40, гостите ставија точка на сите дилеми со уште една низа од девет поени во последниот период со што направија предност од 81-65. За МВП на финалната серија беше прогласен Факундо Кампацо кој денеска постигна 9 поени и 8 асистенции, но заврши со просек од 13 поени, 7 додавања и индекс 14,7.
Со ова Реал ја спаси лошата сезона во која претходно загуби во финалето од Суперкупот и Копа дел Реј, додека во Евролигата беше елиминиран во четвртфиналето.


