Откако минатиот месец ја покори Европа, Фенербахче ја одбрани титулата во домашното првенство и по 12. пат во историјата е шампион на Турција.
Во финалната серија го победи градскиот ривал Бешикташ со 4-1, а клучната победа ја оствари вечерва на домашен терен каде славеше со 84-68. Гостите добро се држеа во првата четвртина, но потоа Фенер ја презеде контролата над резултатот и константно ја зголемуваше предноста за во последниот период да влезе со +15 (69-54). Финалните десет минути беа само формалност и подготовка за големото славје.
Cup tree provided by Sofascore
Со овој триумф Фенербахче ја комплетира тројната круна и ја повтори 2017 година кога исто така славеше во домашните првенство и Куп, како и во Евролигата.


