Безмалку една недела откако се раздели со Андреа Тринкиери, Жалгирис го назначи тренерот што ќе ја води екипата претстојната сезона.
Изборот е изненадување бидејќи покрај неколку слободни и искусни стручњаци, клубот од Каунас се одлучи за Томас Масиулис. Станува збор за долгогодишен помошник во неколку европски гиганти, но никогаш досега не водел самостојно екипа во сениорска конкуренција. Последната сезона му беше помошник на Шарунас Јасикевичиус со Фенербахче кој ја освои титулата во Евролигата, а претходно беше асистент и во Барселона и Жалгирис, исто така под водство на Јасикевичиус.
He’s coming back to home! 🏡⁰⁰EuroLeague champion Tomas Masiulis is the new head coach of Zalgiris. The Kaunas native has signed a 2+1 contract deal. ✍🏼 pic.twitter.com/HOq6ZVGmj0
— BC Zalgiris Kaunas (@bczalgiris) June 28, 2025
Неговата играчка кариера е далеку поблескава бидејќи соп Жалгирис во 1999 година јс освои Евролига, во 1998 и 2002 триумфираше во тогашниот „Куп Рајмундо Сапорта“, има по пет титули во полското и литванското првенство, додека со репрезентација на Литванија освои бронзен медал на Олимписките игри во Сиднеј.
Масиулис потпиша договор на 2+1 сезона, а кампањата која претстои ќе покаже дали клубот од Каунас направил вистински избор.


