Клупската сезона низ Европа официјални заврши пред два дена со триумфот на Баерн против Улм во финалето од Бундеслигата.
Со тоа се добиени сите шампиони низ континентот за оваа сезона, а она што се забележува е дека во сите држави кои имаат свои претставници во Евролигата, триумфираа екипи кои учествуваат во елитното европско натпреварување. Лани имаше исклучок во Литванија (Ритас), пред две години во Германија (Улм), но оваа сезона евролигашите не дозволија изненадувања.
Во Евролигата оваа сезона учествуваа клубови од девет држави: Турција, Франција, Шпанија, Израел, Италија, Грција, Литванија, Германија и Србија. Шампиони во овие земји станаа: Фенербахче, Париз, Реал, Виртус, Олимпијакос, Жалгирис, Баерн и Партизан со тоа што во Израел не беше прогласен првак поради војната со Иран и Газа.
Сепак, од оние кои имаат по два претставника во Евролигата, само во две лиги и вториот финалист беше од Евролигата: Франција (Монако) и Грција (Панатинаикос).


