По Чима Монеке, поранешниот АБА шампион Црвена Звезда претстави уште две големи засилувања за новата сезона.
Нови членови на белградскиот тим се нигериските интернационалци Ебука Изунду и Семи Оџелеј кои долго време се поврзуваа со Звезда. Двајцата треба да ја вратат екипата на шампионските патеки од кои скршна последната сезона, но најинтересно е тоа што сите тројца кошаркари кои Звезда ги донесе летово се од Нигерија.

Изунду ѝ е добро познат на српската кошаркарска јавност бидејќи од 2021 до 2023 година настапуваше за ФМП. Потоа замина во Олденбург, а минатата сезона играше одлично во тимот на Галатасарај, но одлучи неговата желба да заигра во Евролигата поради што ја прифати понудата од Звезда. Изунду е висок 208 сантиметри и е засилување за центарската позиција.
Оџелеј доаѓа од Валенсија каде настапуваше претходните две сезони, но тој има и големо НБА искуство каде играше од 2017 до 2022 година. Беше избран како 37. пик од Бостон, таму ги помина првите четири сезони по што следуваа кратко епизоди во Милвоки и Лос Анџелес Клиперс. Оџелеј ги покрива позициите 3 и 4, места на кои Звезда имаше многу проблеми претходната сезона.


