Иако ја освои шампионската титула во АЦБ лигата последната сезона, Чус Матео денеска добил отказ од тренерската позиција во Реал Мадрид.
Информацијата се уште не е потврдена од клубот, но водечките шпански спортски медиуми Марка и АС објавија дека нему му било соопштено дека претстојната сезона нема да биде тренер, на состанок со раководството на кошаркарската секција на Реал, во базата на клубот во Валдебебас. Чус Матео имаше уште една година од договорот, но нема да ја одработи, исто како и неговиот помошник Пако Редондо и останатите членови на стручниот штаб. Матео ќе си замине по три сезони како прв тренер на Реал и со освои вкупно шест трофеи меѓу кои два во АЦБ лигата и еден во Евролига.
На негово место речиси сигурно доаѓа актуелниот селектор на шпанската репрезентација Серџо Скариоло кој повеќе години се поврзува со Реал. Како што тврдат Марка и АС, Скариоло утре ќе го објави поширокиот список на кошаркари на „фуријата“ за Европското првенство што ќе се одржи летово, а потоа ќе соопшти дека по Еуробаскетот ќее се повлече од селекторската позиција и ќе се посвети само на Реал.
Промени ќе има и во менаџментот на „кралскиот клуб“. Прв човек на кошаркарската секција ќе биде Серхио Родригес кој доаѓа на местото на Хуан Карлос Санчес.


