По Чима Монеке, Ебуке Изунду и Семи Оџелеј, српскиот клуб Црвена Звезда донесе уште две засилувања за претстојната сезона.
За разлика од првите тројца кои се Нигеријци, новите двајца се, условно, домашни кошаркари. Првиот е Стефан Миљеновиќ кој е Канаѓанец со српско потекло и државјанство, а вториот е повратник во тимот – Урош Плавшиќ кој лани настапуваше за Звезда, но последните шест месеци ги помина во турскиот прволигаш Бешикташ. Плавшиќ, меѓу другото, е и репрезентативец на Србија и со националниот лани учествуваше на Олимписките игри во Париз.

Интересно е тоа што двајцата во сезоната 2023/24 настапуваа заедно, во тимот на Мега. Миљеновиќ (24 години), кој игра на бековските позиции, остана таму до крајот на минатата сезона, додека Плавшиќ лани одлучи да се пресели во Звезда каде не ги оправда очекувањата и беше испратен на позајмица во Бешикташ. Тој се уште е под договор со белградскиот клуб и ќе се обиде да докаже дека местото му е во него.

Со нив двајца, Звезда досега има петмина нови кошаркари, а досега се раздели само со Милош Теодосиќ кој ја заврши кариерата.


