Откако вчера беше најавено во шпанските медиуми, италијанскиот стручњак Серџо Скариоло денеска потврди дека ќе си замине од селекторскаата функција во шпанската репрезентација по Европското првенство што ќе се одржи во август и септември.
Денеска тој имаше средба со новинарите во седиштето на Кошаркарската федерација на Шпанија (ФЕБ) на кој го објави поширокиот список од 15 кошаркари на кои ќе смета на подготовките, а потоа соопшти дека го напушта кормилото.
„Претстојниот Еуробаскет ќе биде мое последно натпреварување со репрезентацијата“, рече трофејниот Италијанец.
Ова е негов втор селекторски мандат со „фуријата“, позиција на која беше назначен во 2015 година. Претходно ја водеше Шпанија од 2009 до 2012 година, а сите овие вкупно 13 години освои осум медали на големите натпреварувања, вклучувајќи четири злата на европските и едно на светските првенства.
Шпанските медиуми тврдат дека Скариоло нема долго да биде без ангажман бидејќи веднаш по Еуробаскетот ќе го наследи Чус Матео на клупата на Реал Мадрид. Тој денеска не ги потврди најавите, но во Шпанија се сигурни во такво сценарио.


