Легендата на Реал и шпанската кошарка Серхио Чачо Родригес денеска официјално се врати во „кралскиот клуб“, една година откако ја заврши својата играчка кариера.
Во Реал тој ќе биде нов спортски директор, а доаѓа на местото на Акберто Ерерос кој си заминува по точно две децении на функцијата. Родригес помина вкупно осум сезони како играч на Реал, во два „мандата“ (од 2010 до 2016 и од 2022 до 2024 година) и за тоа време освои 17 трофеи, вклучувајќи четири во АЦБ лигата и два во Евролигата.
Лани одлучи да се пензионира и по една година одмор ѝ се враќа на својата најголема љубов – кошарката.


