Поранешниот македонски репрезентативец Ервин Цого го продолжи договорот со Кошаркарската федерација на Швајцарија и ќе остане селектор на 3х3 репрезентација на оваа земја до 2028 година.
За него тоа е награда за неодамнешниот историски успех, второто место на Светското првенство што се одржа во Монголија што беше прв медал за Швајцарците на големите натпреварувања. Најавата за тоа дојде лани кога под водство на Цого, Швајцарија го освои четвртото место на Европското првенство.
„Македонскиот волшебник“, како што го најавија Швајцарците по неодамнешниот успех, во исто време е тренер на У18 екипата на Орлите од Нојшател, а се промовира себеси во клучен фактор во развојот на швајцарскиот 3х3.
Прва следна цел за Цого ќе биде Европското првенство што ќе се одржи во Копенхаген од 5 до 7 септември


