Довчерашниот кошаркар на Анадолу Ефес, Џордан Нвора официјално е седмо засилување за Црвена Звезда во пресрет на новата сезона.
Станува збор за 27-годишен крилен играч и четврти нигериски кошаркар во Звезда летово, но како и Семи Оџелеј, роден во САД и со американско државјанство. Претходно Звезда ја засилија и нивните сонародници Ебука Изунду и Чима Монеке па „црвено-белите“ претстојната сезона ќе бидат на нигериски погон.
КК Црвена звезда Меридианбет обавештава јавност да је ново појачање нашег тима амерички бек/крило Џордан Нвора!
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) July 8, 2025
Бивши играч Анадолу Ефеса и некадашњи НБА шампион потписао је уговор са нашим клубом и представлљаће велико појачање за црвено-беле!
Welcome to Red and White… pic.twitter.com/ZijB3tlTsL
Нвора има четиригодишно НБА искуство во НБА лигата каде одигра вкупно 219 натпревари од коки 206 во основниот дел од сезоните, како член на Милвоки, Индијана и Торонто. Во 2020 година беше избран како 45. пик од Бакс, но лани одлучи дека е време да замине од НБА и ја прифати понудата од Анадолу Ефес каде ја помина минатата сезона.
Од 2019 година Нвора е редовен член на нигериската репрезентација чиј рекордер е со 36 поени на еден натпревар, постигнати против Мали во квалификациите за Светското првенство во Кина.


