Германскиот репрезентативец Давид Крамер е второ засилување за Реал Мадрид во пресрет на новата сезона.
Шампионот на Шпанија неодамна го претстави Тео Маледон, а денеска објави дека негов нов играч е довчерашниот член на Тенерифе. Станува збор за 28-годишен бек кој последните две сезони ги помина во шпанската лига, а пред Тенерифе, го носеше дресот на Гранада.
Најголемиот успех во својата кариера, Крамер го оствари во 2023 година кога со германската репрезентација стана светски шампион на Мундијалот што се одржа во Јапонија, Филипини и Индонезија.


