Иако пред неколку месеци важеше за еден од фаворитите за титулата, француската репрезентација ќе оствари огромен успех ако воопшто успее да се вмеша во борбата за медалите на претстојното Европско првенство.
Линијата која требаше да биде најголем адут на „триколорите“, центарската, прво остана без Виктор Вембанјама и Руди Гобер, а од денеска и без кошаркарот на Панатинаикос, Матијас Лесор кој официјално го откажа своето учество на континенталниот шампионат. Како причина за неговото отсуство е наведена недоволната физичка подготвеност по тешката повреда што ја доживеа минатата година.
„Неговото вметнување на првичниот список на учесници на Европското првенство беше преурането. Стручниот штаб на француската репрезентација, во договор со Панатинаикос и Лесор, го прифати откажувањето на центарот“, објави Француската кошаркарска федерација.
На местото на Лесор, селекторот на Франција го повика кошаркарот на Монако, Јоан Макунду. Олимпискиот вицешампион е во групата во Полска, заедно со домаќинот, Белгија, Израел, Словенија и Полска. Новиот селектор Фредерик Фоту одлучи драстично да ја подмлади репрезентацијата, па на Еуробаскетот нема да играат ни Никола Батум, Ендрју Албиси, Еван Фурние и Нандо де Коло.


