Еден од најдобрите европски плејмејкери Василије Мициќ официјално ја напушти НБА лигата и во новата сезона ќе настапува во Евролигата.
По многу перипетии и шпекулации, денеска тој е претставен како нов играч на дебитантот во елитното европско натпреварување Хапоел Тел Авив. Израелскиот клуб стави крај на сите нагаѓања откако претходните денови Мициќ се поврзуваше со Црвена Звезда, Олимпијакос, Фенербахче и Реал Мадрид.
No more rumors 🗞️ pic.twitter.com/8S023XUN8K
— Hapoel Tel Aviv BC (@HapoelTLVBC) July 16, 2025
Во својот нов клуб, Србинот ќе заработи вкупно 18 милиони евра за три години со што ќе стане најплатен кошаркар во Евролигата според годишната плата. Досега лидер беше Кендрик Нан од Панатинаикос кој заработува 4,5 милиони по сезона.
Со ова Мициќ се враќа во Евролигата каде има две титули, освоени со Анадолу Ефес. По еднаш беше МВП на основниот дел и на завршниот турнир од елитното натпреварување, а еднаш и најдобар стрелец.


