Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е претставен како нов играч на Зенит со што се остварија најавите од Италија од вчера.
Нашиот плејмејкер потпиша двегодишен договор со рускиот клуб, а се сели таму по една сезона помината во Олимпија Милано. Таму имаше големи проблеми со тренерот Еторе Месина, не играше последните два месеца и јасно беше разделбата е неминовна.
Zenit has signed Macedonian guard Nenad Dimitrijevic to a 2-year deal — through the 2026/27 season. Welcome to St. Petersburg, Neno! 💙 pic.twitter.com/nVdU7Yq8sX
— Zenit Basketball Club (@zenitbasket) July 23, 2025
Со ова Нено се враќа во ВТБ лигата каде настапуваше две сезони, но во дресот на Уникс. Остави силен впечаток затоа што го однесе тимот од Казан до една шампионска титула во регионалното натпреварување, а во исто време по еднаш беше прогласен за МВП на плејофот и на основниот дел од сезоната.


