Екипата на Бешикташ, предводена од српскиот стручњак Душан Алимпијевиќ се пласира во финалето од турското првенство откако со 3-2 го елиминира евролигашот Анадолу Ефес.
Во „мајсторката“ од серијата, „црно-белите“ славеа со 82-75, па првпат по осум години обезбеди место во финалето, а во него ќе се обиде да дојде до првата шампионска титула во домашниот шампионат по 2012 година. Бешикташ има само два трофеја во турското првенство во својата историја, а дури седум пати губел во финалето.
Противник во серијата за титулата ќе му биде актуелниот европски шампион Фенербахче кој со 3-0 го елиминира Бахчешехир.


