Откако синоќа го отпушти Чус Матео, а денеска го постави Серхио Родригес за нов спортски директор, Реал Мадрид во текот на денов ја објави разделбата и со тројца кошаркари.
Од редовите на шпанскиот првак си заминаа Уго Гонзалес, Серж Ибака и Ели Ндиаје со тоа што двајца одат во НБА, а еден има неизвесна иднина пред себе. Гонзалес минатата недела беше избран како 28. пик на драфтот и веќе потпиша договор со Бостон Селтикс, а Ндиаје иако недрафтуван, кариерата ќе ја продолжи во Атланта Хоукс каде наскоро треба да се приклучи на Летната лига.
Ибака си оди од Реал по само една сезона помината во тимот и нејасно е каде и дали воопшто ќе ја продолжи кариерата. Во септември тој ќе наполни 36 години, а со оглед на проблемите со повреди и на рбетниот столб, не е исклучено да објави пензионирање ова лето.
Покрај нив, јасно е дека од Реал ќе си оди и Џанан Муса кој веќе има тригодипен договор со Дубаи за повеќе од 10 милиони евра.


