Најтрофејниот руски клуб ЦСКА ја освои 12. титулата во ВТБ лигата откако денеска на домашен терен го совлада Зенит со 96-73 во шестиот натпревар од финалната серија.
Со тоа московскиот клуб дојде до четвртата победа и ја потврди доминацијата во лигата. Половина од работата беше завршена во првото полувреме кое ЦСКА го доби со 52-39, а точка на мечот е ставена во третиот период кој им припадна на московјани со 26-15. Интересно е тоа што во финалната серија имаше дури три брејка, Зенит ја имаше предноста на домашен терен, но само еднаш победи во Санкт Петербург и тоа во вториот меч, со 86-70.
За МВП на финалната серија беше прогласен Мело Тримбл кој имаше просек од 16,6 поени, 4,1 асистенции и 2,8 скока.


