Ненад Димитријевиќ има уште една година од договорот со Олимпија Милано, но извесно е дека летово ќе го напушти клубот и кариерата ќе ја продолжи на друго место.
Се поврзуваше со неколку клубови, меѓу кои и Партизан, но најверојатно ќе се врати во Уникс чие раководство силно притиска да го донесе пак во своите редови.
„Сакавме да дојде пред плејофот во ВТБ лигата, но Месина не го пушти. Ненад е свесен дека е доволно возрасен за да игра, а не да седи на клупа или воопшто да не биде во тимот. Тоа што му се случува сега може да му се рефлектира на кариерата“, изјави спортскиот директор на Уникс, Евгени Богачев.
Димитријевиќ помина две сезони во Уникс во кои освои една титула во ВТБ лигата, но и беше прогласен за МВП на финалето и на основниот дел од сезоната. Лани одлучи да заигра во Евролигата, ја прифати понудата од Олимпија Милано и имаше прекрасен старт на својата епизода во Италија, освојувајќи во Суперкупот каде, исто така, беше МВП. Сепак, во текот на сезоната дојде до курцшлус во односот со тренерот Еторе Месина поради што прво минутажата му беше сведена на минимум, а од крајот на април воопшто не играше и не беше во тимот.


