Црвена Звезда ќе направи коренити промени ова лето, веќе дојдоа дури шест засилувања, а од актуелниот играчки кадар извесно е дека ќе си заминат голем број кошаркари.
Претходните сезони белградскиот клуб имаше солидна база домашни кошаркари и тоа беше еден од најголемите адути на екипата. Тоа ќе се смени бидејќи како што стојат работите, најмалку четворица Срби ќе нема во тимот за новата сезона. Милош Теодосиќ веќе објави крај на кариерата, а на излезна врата се уште Немања Недовиќ, Лука Митровиќ и капитенот Бранко Лазиќ.
Митровиќ играше во Звезда вкупно девет сезони во својата кариера, Лазиќ беше таму дури 14 години и е најтрофеен играч во историјата на клубот, а Недовиќ во Звезда ја почна кариерата, беше нејзин член од 2008 до 2012 и од 2022 до оваа година. Не е исклучено да си замине уште некој српски кошаркар, пред се Филип Петрушев кој има договор со Олимпијакос и можно е претстојната сезона да го носи дресот на грчкиот шампион.
Во таков случај, од досегашниот играчки кадар, кога станува збор за домашните играчи, ќе останат само Давидовац, Добриќ и Калиниќ, плус Плавшиќ кој летово се врати од шестмесечната позајмица во Бешикташ.


